Црковен термин - категорија

тајна повеќе

мн. тајни
Вид збор: Именка, женски род
Света тајна.
Англиски: sacrament

тас повеќе

мн. тасови
Вид збор: Именка, машки род
Послужавник во кој се ставаат парични прилози во црква.
Англиски: collection
Примери:
По службата оставаа неколку парички во тасот.

темјан повеќе

(едн.) темјанот
Вид збор: Именка, машки род
Бела ароматична смола која со палење дава пријатен мирис и чиј дим има дезинфекционо дејство и се користи во христијанската литургуја.
Латински: Olibanum Англиски: incense
Примери:
Кади се со темјан.

тестамент повеќе

тестаментот
Вид збор: Именка, машки род
Завет, назив за двата дела од библијата.
Англиски: testament Албански: testament
Примери:
Стариот и Новиот тестамент.

типик повеќе

типикот
Вид збор: Именка, машки род
Зборник со прописи за богослужбата и правила за животот и владеење на монасите во Православната црква.
Англиски: Typikon Грчки: Τυπικό

титулар повеќе

мн. титулари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има само титула, но не и власт што ја носи таа.
Латински: titularius
Примери:
А нејзиниот титулар се потпишувал во сите документи во текот на седум и пол века од постоењето на црквата.

требник повеќе

мн. требници
Вид збор: Именка, машки род
Црковна книга со молитви.
Англиски: breviary

тримир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Тридневен пост, при кој не се јаде ништо, а кое се држи во почетокот на велиципости.
Примери:
Држи тримир.

тримирење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
тримири

тримири повеќе

тримират
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи тримир.

триод повеќе

мн. триоди
Вид збор: Именка, машки род
Православна богослужбена книга.

трисагија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Молитва кон Света Троица.

троица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тројство
Англиски: trinity
Примери:
Света троица.

тропар повеќе

мн. тропари
Вид збор: Именка, машки род
Црковна песна во чест на некој светец.
Англиски: hymn
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч